Вардар денеска ги стартува подготовките!

1495

Конечно. Имено Вардар денеска ќе означи старт на подготовките за пролетниот дел. Како што дознаваме за денеска во 14 часот, на теренот во Кадино, закажана е прозивката и првиот состанок со фудбалерите, а потоа планирано е да се одработи и првиот тренинг.

Се разбира дека ова е убава вест за сите фанови на Вардар, иако се доцни речиси три недели, добро е тоа барем што колку толку ќе има подготовки и што екипата веројатно ќе игра напролет во ВМФЛ, се разбира со нови амбиции ако се знае дека голем дел од играчите веќе го напуштија клубот.

За подетални информации ќе почекаме до крајот на денот да видиме што ќе се случува на стартот од подготовките закажани за денеска.

ПретходноНиколај Јакобсен со нестварни бројки како селектор на Данска: Ова е фантазија!
СледноПелистер тргнува од Нови Сад: Војводина е квалитетен тим, заслужува почит!