Џенаро Гатузо повеќе не е тренер на Валенсија. Како што денеска објавија шпанските медиуми, по резултатската криза која ја зафати Валенсија, денеска потврдена веста за заминување на Италијанецот.
Гатузо имал долга средба со претседателот на клубот Лејхун Чан на која рекол дека клубот има големи проблеми кога е во прашање доведувањето играчи. Сепак, тоа не беше доволно добар „изговор“ за претседателот кој решил да му врачи отказ.
Иако имаше големо влијание од неговото доаѓање во клубот, сето тоа беше значително намалено во последните недели поради лошите резултати. Гатузо немаше голема поддршка од сопствениците кога е во прашање доведувањето играчи, а токму на тоа се пожали и денеска пред да добие отказ.