Есенскиот шампион во ВМФЛ, тимот на Гостивар, денеска на својот прв пријателски меч одигра во Анталија, бепе поразен од тимот на Крумовград со 1:2. Стрелец на единствениот гол за гостиварци бил Каланоски во 37.минута. Тимот од Бугарија, кој се натпреварува во Втората лига во таа земја, головите ги постигнал во 7. и 63.минута.
Гостиварци се очекува да одиграат уште неколку пријателски средби во текот на подготовките во Анталија.