На најлудата низа и дојде крајот – Ињаки по шест години пропушти меч

101

Фудбалерите на Атлетик Билбао викендов играа против Селта, а на тој меч го немаше еден од најдобрите во баскискиот тим Ињаки Вилијамс. Ганскиот репрезентативец пропушти меч во шпанското првенство прв пат после шест години!

Ињаки во меѓувреме одигра 251 едноподруго натпревари во црвено-белиот дрес на Атлетико. Последен пат кога Ињаки не бил во комбинација за првиот тим, Атлетик играл со Малага на 7 април 2016 година. Од тогаш Ганецот ги одигра сите мечеви во Ла Лига за Атлетик, меѓутоа мораше да паузира против Селта поради мускулна повреда.

Атлетик загуби на ова гостување со 1:0.

ПретходноTатарушану го продолжи договорот со Милан, а Рома испрати напаѓач во Специја
СледноТодоровски постигна маестрален гол во победата на Сумгајт (видео)