ОФИЦИЈАЛНО: Мекени е нов фудбалер на Лидс Ј.

121

Јувентус вечерва и официјално го потврди трансферот на Американецот Вестон Мекени во англиски Лидс Ј. Она што се најавуваше цел ден, вечерва потврдено од клубовите.

По две и пол години, Мекени заминува од Јувентус откако во Торино освои два трофеи: Суперкупот на Италија и Купот на Италија.

Лидс Ј. го добива Американецот на позајмица до крајот на сезоната за 1,2 милиони евра, со право на откуп на договорот на крајот на сезоната за 33 милиони евра.

ПретходноОдлично деби на Атанасов: Асистенција и прва победа со Краковија (ВИДЕО)
СледноДанците „пукаат“ по ИХФ: Ужасна организација, место да славиме не однесоа на допинг тест