Еурофарм Пелистер со пораз ја отвори регионалната СЕХА лига. Битолчани загуби на гостувањето кај Војводина со 29-24 во Нови Сад во рамките на својата група.
Во финишот на првото полувреме „пелистерци“ со серија од 4-0 стигнаа до 14-14, меѓутоа лошото отворање на вториот дел скапо го чинеше Пелистер. Војводина по речиси пет минути направи предност од четири разлика (19-15), а од тој момент Битолчани постојано го бркаа резулатот. Домашните во еден момент имаа и највисоки осум гола предност (25-18), а на крајот се заврши со 29-24.
Кај домашните Роган, Милиќ и Пуховски постигнаа по четири гола. Кај Еурофарм Пелистер, Ненад Костески постигна седум гола, а Ојлески, Хенеберг и Дејвис реализираа по три гола.
Е.Пелистер во следното коло во СЕХА ќе му гостува на Нексе во Хрватска.