Пелистер тргнува од Нови Сад: Војводина е квалитетен тим, заслужува почит!

71

Е.Пелистер, вториот македонски претставник во СЕХА-лига и минатогодишниот освојувач на бронзениот медал во ова натпреварување, на гостински терен ја отвара новата сезона.

Битолчани денеска (18 часот) му гостуваат на тимот на Војводина. Во составот не македонскиот вицепрвак ќе ги нема Бојан Маџовски, Мухамед Суси, кој според информациите на тимот не е подготвен, Руди Сери, кој денеска оди на операција, Емилијан Ѓорговски, кој е повреден и Марин Велковски, кој исто така не е во максимална форма за да одговори на предизвиците.

„Тешко е да се подготват овие два натпревари, бидејќи немаме брзина во нозете. Практично ова ни се први натпревари годинава. Суси не е најподготвен, Велковски исто така, па двајцата ќе останат во Битола. Ќе патуваме со здравите ракометари и ќе видиме како ќе одиграме. Репрезентативците се вратија и изгледа дека ќе бидат спремни да играат. Но, ги немавме на тренинг во Битола и првпат ќе ги видиме на патувањето за Нови Сад. 

Не сакаме да ризикуваме со Суси, тој е многу важен ракометар за нас и ќе остане да работи во Битола. Изготвивме специјална програма за него и ќе работи со нашиот кондиционен тренер, Се надевам дека добро ќе му дојде оваа недела. 

Го гледав натпреварот меѓу Војводија и Нексе Нашице и можам да кажам дека Нексе не играше како што нормално игра. Војводина играше без репрезентативците, но цела зима се заедно и може да се види дека добро се познаваат, воиграни се и играат убаво. Имаат ритам на натпреварите и во тој поглед се еден чекор пред нас. Треба да играме минута по минута и да видиме што ќе направиме“, изјави Ларс Валтер, тренерот на битолчани.

Марко Кизиќ, кој беше за време на подготовките на Е.Пелистер за време на Светското првентсво.

„Дали натпреварите се прерано или навреме не би можел да ви кажам. Голем дел на тимот беше тука од старт на подготовките и имавме доста време да се подготвуваме. Добри ќе ни дојдат овие два натпревари, ни требаат квалитетни ривали за да го подигнеме ниво. Напорно ќе ни биде на три фронти оваа полусезона, но ќе мора да издржиме. Спремни сме, очекуваме да ни се приклучат уште неколку ракометари од повреди и одиме на победи.

Војводина покажа дека игра квалитетен ракомет и донесе доста засилувања. Квалитетен тим е, заслужуваат почит. Сепак, ние веруваме во нас и патуваме во Нови Сад по победа. Нексе ни е познат противник, сме играле против нив и во Европската и во СЕХА лигата, Сезонава тимот им е малку изменет, но структурата им е иста“, смета Кизиќ.

ПретходноВардар денеска ги стартува подготовките!
СледноВладо Недановски пред дуелот со Партизан: Допрва ќе имаме вистинска слика за новиот Вардар!