Познато зошто Кансело си оди од Сити: Пеп не трпи закани!

1564

Португалскиот репрезентативец Жоао Кансело во последните денови од зимскиот преоден рок, по се изгледа, ќе го напушти Манчестер Сити и ќе замине на позајмица во Баерн. Денеска англиските медиуми ги објавија и причините за неговиот конфликт со Пеп Гвардиола.

Според „Дејли мејл“, расправијата меѓу Кансело и Пеп се случила на тренингот во пресрет на натпреварот од Купот против Арсенал минатиот петок, кога португалскиот ас дознал дека нема да биде стартер. Незадоволен, тој луто реагирал и се заканил дека ќе си замине, по што Гвардиола му рекол дека е слободен веднаш да избере нов клуб, а „ветувањето“ го исполни неколку дена подоцна.

Кансело на тој начин ќе оди во Баерн на позајмица, кој на крајот на сезоната ќе има право на откуп за 70 милиони евра. Кансело веќе пристигна во Минхен, каде по лекарските прегледи ќе потпише договор со Баварците.

ПретходноДанците „пукаат“ по ИХФ: Ужасна организација, место да славиме не однесоа на допинг тест
СледноБелгија новиот селектор го бира меѓу Тедеско и Бош