Ракометните клубови од Ѓорче Петров на улица: Арсовска им ја затвори салата!

2466

Ракометните клубови Македонија Ѓорче Петров во машка и Ѓорче Петров во женска конкуренција останаа без сала за тренинзи. Како што соопштија од клубовите, нивната сала во средното училиште Кочо Рацин, која со години ја употребуваа, сега е затворена со одлука на градоначалничката Данела Арсовска и Град Скопје. Салата е ставена вон употреба затоа што како што им било кажано во клубот, истата, била нефункционална и небезбедна за идни натпревари, иако салата со години ги задоволуваше условите за одржување на тренинзи и натпревари.

Од клубовите порачаа дека нема да ги откажат во намерите за тренинзи, па иако во Скопје температурите се скоро до нулата, двата клуба почнаа со тренинзи на отворено, во исчекување на решение на бирократските проблеми со нивната спортска сала.

ПретходноТрансфери: „Рачна“ за Поро во Тотенхем, Вулвс го донесоа Жоао Гомез, а Фулам Саша Лукиќ…
СледноГатузо бил на разговор со претседателот, па доби отказ