Трансфери: „Рачна“ за Поро во Тотенхем, Вулвс го донесоа Жоао Гомез, а Фулам Саша Лукиќ…

2332

Утре завршува зимскиот преоден рок, а екипите работат на завршување на планираните трансфери. Денеска и утре ќе биде густо на трансферниот пазар затоа што клубовите ќе се обидат што побрзо да ги ангажираат фудбалерите кои ги зацртале.

Завршени се неколку трансфери во текот на денешниот ден, до вечер ќе има уште неколку.

ФУЛАМ се засили со фудбалерот од средниот ред Саша Лукиќ. За него се платени 8 милиони фунти и доаѓа од Торино. Лукиќ е српски репрезентативец и поранешен фудбалер на Партизан.

Се чини дека нема да има ништо од трансферот на шпанскиот десен бек Педро Поро од Спортинг во Тотенхем. Иако фудбалерот се договори со лондонскиот тим, сепак, Спортинг ги сменил условите. Тие побарале 45 милиони евра за трансферот на што не се согласува Тотенхем.

„Питбулот“ стана волк. Со тие зборови Вулверхемптон го претстави најновото засилување Жоао Гомез. Бразилскиот играч дојде од Фламенго за околу 19 милиони евра.

Проблематичниот белгиски фудбалер Ража Најнголан се враќа на фудбалските терени. По раскинувањето со Антверпен поради недисциплина, тој си најде нов клуб и тоа во Серија Б. До крајот на сезоната ќе настапува за СПАЛ.

Официално: Наинголан премина в клуб от Серия "Б"

БРАЈТОН се пофали со трансфер. Исто како и Вулверхемптон, пазареа играч од средниот ред. За 6 милиони евра го купија 19-годишниот Јасин Ајари од АИК Стокхолм.

Фенербахче се пофали со засилување. Од Парма за 6 милиони евра дојде холандскиот лев бек Џејден Остерволд.

Евертон го сака Конор Галагер од Челзи. Младиот фудбалер не е во плановите на Челзи, па „карамелите“ сакаат да ја искористат ситуацијата и да го донесат фудбалерот, меѓутоа Галагер не сака да оди во Евертон.

РИВЕР ПЛЕЈТ објави дека потпишале договор со искусниот напаѓач од Венецуела, Самуел Рондон кој доаѓа од Евертон.

Српскиот фудбалер Иван Илиќ го засили Торино. Тој доаѓа од Верона во редовите на „биковите“ за 15 милиони евра.

ВЕСТОН МЕКЕНИ го напушти Јувентус и е на прегледи во Лидс Јунајтед. Тој уште вечерва или најдоцна утре ќе го комплетира трансферот на „Еланд роуд“, неофицијално вреден 35 милиони евра. Лидс може да ангажира уште еден фудбалер до крајот на преодниот рок, а тоа е Португалецот Диего Монтеиро.

Микаел Куизанс пристигна во Сампдорија од редовите на Венеција како позајмен. „Морнарите“ се во борба за опстанок во Серија А.

 

КРИСТАЛ ПАЛАС ќе го реализира трансферот на Науиру Ахамада вреден 12 милиони евра. Францускиот фудбалер од средниот ред веќе ги договорил личните услови со лондонскиот клуб.

ПретходноМакедонија во четвртиот „шешир“ на ждрепката за квалификациите за младинското ЕП 2025
СледноРакометните клубови од Ѓорче Петров на улица: Арсовска им ја затвори салата!