Она што “Спортмедиа“ го најави утринава, тоа и се оствари. По речиси тринеделно доцнење, а се знае и зошто, од денеска Вардар е во погон. Стручниот штаб денеска означи старт на подготовките, а закажани се и три пријателски средби.
На 4 февруари ривал ќе биде Тетекс, потоа на 8.02 се игра со Скопје а на 11.02 со Работнички.
Познато е дека неколкумина клучни играчи од есенскиот дел веќе не се дел од тимот, па затоа ќе мора тимот да се засили по секоја цена ако се сака во пролетниот дел во конкуренција на Гостивар, Воска и Пелистер, да се избори пласман во ПМФЛ.