ФА Куп: Манчестер Сити против Бристол Сити, Манчестер Ј. со Вест Хем

213

Фудбалерите на Манчестер Сити во осминафиналето од ФА Купот ќе играат на гостински терен против второлигашот Бристол Сити. Шампионот имаше среќа на денешната ждрепка.

Манчестер Јунајтед на домашен терен ќе игра против Вест Хем, додека Тотенхем ќе му гостува на подобриот тим од натпреварот меѓу Рексам и Шефилд Јунајтед.

Победникот од дуелот меѓу Фулам и Сандерленд ќе игра против Лидс, а Лестер ќе го пречека подобриот од пресметката помеѓу Блекбурн и Бирмингем.

Саутемптон на домашен терен ќе игра против победникот од дуелот меѓу Лутон и Гримсби, а Стоук ќе го пречека Брајтон.

Победникот од мечот меѓу Ипсвич и Барнли ќе игра како домаќин против победникот од мечот меѓу Шефилд Венсдеј и Флитвуд.

Натпреварите ќе се играат во недела на 1 март.

ПретходноДимитриевски остана со празна мрежа: Столе брани, Рајо слави
СледноБарса не е задоволна од младиот турски фудбалер, бесплатно му го дава на Фенербахче