Ѓоковиќ имал долга ноќ, во три часот после полноќ се вратил од допинг контрола!

839

Новак Ѓоковиќ после една година од минатиот јануари кој го има во карантин во Мелбурн, сега низ истиот град се шета со пехарот од Австралијан Опен, број десет во неговата кариера.

Српскиот тенисер покажа зошто е број еден, во финалето го совлада Стефанос Циципас и се врати на врвот на АТП-листата. Сепак после големата битка, Ноле немал многу време за славење, во три часот после полноќ се вратил од допинг контрола.

Запрашан како поминаа неговите прослави, Ѓоковиќ се насмевна и рече:

„Со медиуми и со допинг контрола. Во 3 часот наутро се вратив во сместување. Беше долга ноќ. Сè уште немав шанса да славам колку што би сакал. Претпоставувам дека тоа ќе се случи по враќањето во Европа“, изјавил Ноле, кој утринава се огласи и на својот „Инстаграм“ профил со пехарот во раце.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Australian Open (@australianopen)

ПретходноИма ли крај? Арсенал со нова понуда од 70.000.000 за рекорден трансфер, Брајтон ја одби!
СледноМу купиле билет за воз за да се врати дома, а тој го реши финалето!