Како што привршува зимскиот преоден рок така екипите работат брзо за да донесат фудбалери што им се потребни за вториот дел од сезоната. Во Милан се задоволни од голманот Чипријан Татарушану и нема да бараат негова замена. Романскиот чувар на мрежата се договори со раководството за продолжување на соработката до 2027 година.
Тој е дел од планот на Милан да ги обнови договорите со неколку играчи. Следен на списокот е Исмаел Бенасер исто така со договор до 2027 година. Засега не одат „подмачкано“ преговорите со Рафаел Леао. Милан му нуди плата од 7 милиони евра годишно, а Бразилецот ска повеќе.
Ciprian #Tatarusanu è arrivato in sede per firmare ✍️🇷🇴 il rinnovo fino al 2027 con il #Milan 🔴⚫ pic.twitter.com/TOtT9oG6GE
— Antonio Vitiello (@AntoVitielllo) January 30, 2023
Кога сме кај Серија А, Рома го испрати напаѓачот Елдор Шомуродов во Специја како позајмен фудбалер. Тренерот Жозе Мурињо смета дека на Узбекистанецот му е потребна поголема минутажа за да се развива, а во Рома тоа не може да го направи. Па така вториот дел од сезоната ќе го доигра во Специја која исто така е во Серија А. Специја ќе плати 1,5 милиони евра за позајмицата без опција да го откупи договорот.
Shomurodov a lo Spezia⚪️🦅
Llega cedido desde la Roma pic.twitter.com/o7fCuvOgSW
— Calciologia🇮🇹 (@calciologia_) January 30, 2023