Во среда, со почеток од 18 часот во салата “Јане Сандански“ во Скопје, ракометарите на Вардар во рамките на СЕХА лигата го дочекуваат тимот на Партизан. Се разбира дека по поразот од Татран, пред Вардар е императивот наречен победа.
Во пресрет на тој меч со „црно – белите“, стратегот Вардар, Владо Недановски изјави:
„Денеска ќе го одработиме првиот тренинг во комплетен состав, ќе работиме на подобрување на одбраната и нападот па така допрва ќе имаме слика за вистинската слика за Вардар“.
Недановски посочи дека се респектира составот на Партизан, но Вардар ќе оди на победа на домашен терен:
„Партизан е млад тим кој игра брз и модерен ракомет. Имавме кусо време да анализираме и да се подготвиме за овој меч. Ќе работиме напорно на двата тренинга пред средбата и ќе се обидеме да бидеме што поподготвени за овој натпревар во среда“ заклучи тренерот на Вардар.