Македонија во четвртиот „шешир“ на ждрепката за квалификациите за младинското ЕП 2025

354

Македонската селекција до 21 година ќе биде сместена во четвртиот „шешир“ на ждрепката за квалификациските групи за ЕП 2025 што ќе се одржи во Словачка. Македонија е рангирана на 32 место што ја става во четвртиот „шешир“ од вкупно шест заедно со селекциите на БиХ, Бугарија, Унгарија, Турција, Велс, Белорусија, С.Ирска и Албанија што значи дека нашите момци нема да играат со овие селекции.

Лидер на ранкингот е Шпанија која е во првиот „шешир“ заедно со Португалија, Германија, Франција, Холандија, Англија, Данска, Италија и Романија.

Хрватска е во вториот „шешир“ со Швајцарија, Белгија, Чешка, Полска, Украина, Шведска, Австрија и Р.Ирска.

Ждерпката за квалификациските групи ќе се одржи на 2 февруари во Нион, Швајцарија. На ЕУРО шампионатот Словачка оди директно како домаќин, а преку квалификациите ќе се чекаат 15 селекции.

 

 

ПретходноПелистер со пораз од Војводина ја почна сезоната во СЕХА
СледноТрансфери: „Рачна“ за Поро во Тотенхем, Вулвс го донесоа Жоао Гомез, а Фулам Саша Лукиќ…