По одличниот настап и голот за Динамо Загреб на мечот со Локомотива, Стефан Ристовски се најде во идеалниот тим или во тимот на колото во ХНЛ. Капитенот на нашата репрезентација и еден од клучните играчи на Динамо Загреб, е еден од двајцата кои се најдоа во тимот на 19.коло.
Како што одминува времето, Ристовски се покажува и докажува како еден од најдобрите во тимот на “модрите“ и без него стартниот состав на балканскиот гигант едноставно не може да се замисли.