Раководството на Арсенал испрати уште една, веројатно последна понуда до Брајтон за Мозес Каиседо.
„Топчиите“ не се откажуваат од одличниот Еквадорец кој со сите сили сака да го напушти Брајтон. Го немаше против Ливерпул во ФА купот токму поради тие причини, напиша и изјава со надеж дека клубот ќе го разбере.
Одбиена е понудата на Арсенал од пред неколку дена која изнесуваше 60.000.000, а сега пристигна нова подобрена. На „Емирати“ има голем оптимизам дека 70.000.000 со бонуси ќе бидат доволни за да се скрши отпорот на челниците на Брајтон и дека Мозес од февруари ќе носи „црвено-бели“ бои.
Сепак оваа надеж траеше кратко, Брајтон ги одби и овие пари. Останува да видиме дали Арсенал ќе испрати нова понуда или ќе се откаже.