Роџер Федерер еден од тројцата најголеми тенисери на сите времиња, се пензионираше пред половина година откако освои 103 турнири, вклучително и 20 Гренд слем. Меѓу нив се рекордни осум Вимблдони и пет УС Опен и шест Мастерс финалиња.
Најплодниот период во кариерата на Федерер го одбележа големото ривалство, но и меѓусебното почитување со Новак Ѓоковиќ.
Откако шест години помладиот српски тенисер по рекорден десетти пат ја освои Австралијан опен победувајќи го Стефанос Циципас и се изедначи по бројот на Гренд слем титули (22) со Рафаел Надал.
Федерер по завршување на финалето се огласи на Инстаграм. Тој стави шампионска слика на Ѓоковиќ од Австралијан Опен и напиша: „Повторно неверојатен подвиг! Сите честитки“.