Црн викенд за обложувачите: Јуве 0:2, Милан 2:5, ПСЖ 1:1, Реал 0:0, Баерн 1:1, Ливерпул 1:2…

168

Неверојатно. Ова е благ збор за тоа што се случи изминатиот викенд во Лигите 5. Имено најголемите фаворити, и тоа дома, не успеаја да победат. Ова не се слулчило години наназад, ова беше буквално „ЦРН ВИКЕНД ЗА ОБЛОЖУВАЧИТЕ“.

Едноставно никој, никој ниту во сон не можеше да замисли дека Јуве, Милан, ПСЖ, Реал, Баерн како домаќини дома нема да победат против тимови кои важат за аутсајдери, Ливерпул на гости беше поразен од Брајтон.

Па, да тргнеме со ред:

-Милан, шампионот на Италија како домаќин беше торпедиран од Сасуоло со 2:5

-Јувентус исто како домаќин, загуби од Монца со 0:2

-Реал Мадрид одигра само 0:0 против една Осасуна и тоа на “Сантијаго Бернабеу“

-Пребогатиот ПСЖ, со Мбапе, Меси и Нејмар во составот не успеа да го победи еден Ремс и тоа на “Паркот на принцовите“, овој меч заврши со резултат 1:1

-Баерн Минхен како домаќин против Ајнтрахт Франкфурт одигра само 1:1. Интересно, баварците во 2023 година немаат уште победа

-И на крај Ливерпул како гостин кај Брајтон загуби со 2:1 и беше елиминиран од ФА Купот

ПретходноТргна и Вардар, закажани пријателски со Тетекс, Скопје, Работнички! (ФОТО)
СледноТурчин ќе игра за Силекс