Челзи се согласи да плати 120 милиони за Енцо на рати, a Бенфика ја бара целата сума

216

Челзи запнал и запнал за Енцо Фернандес. Иако веќе неколку пати беа одбиени, тие не застануваат. Бенфика неколку пати им рекла „НЕ“ и им ја кажа сумата со која ќе го активираат трансферот.
„Сините“ од Лондон денеска се согласиле да ја платат сумата што ја бара Бенфика за Енцо Фернандес и која изнесува 120 милиони евра. Но Челзи побарале од Бенфика дозвола да ја исплатат на рати (се споменува и некое милионче плус за да им дозволат да платат на три рати) што повторно ги налути челниците на Бенфика кои инсистираат на целата сума веднаш.

Остануваат уште два дена до крајот на преодниот рок, ќе видиме што ќе се случи. Денеска Енцо не се појавил на тренингот на Бенфика вршејќи притисок да го пуштат на „Стемфорд Бриџ“. Најдобриот млад играч на СП во Катар има дозвола да го напушти „Луж“ меѓутоа за откупната клаузула пропишана во договорот и која изнесува 120 милиони евра.

Газдата на Челзи, Тод Боли во Лисабон го испратил новиот технички директор Кристофер Вивел да биде на чело на делегацијата која има рок до вторник на полноќ да го заврши трансферот на Аргентинецот.

ПретходноРемс поради тренерот на секој меч плаќа казна од 25.000 евра
СледноПелистер со пораз од Војводина ја почна сезоната во СЕХА