Интернациналецот од Босна, Алмир Чубара, досегашен играч на тимот на Игман, е нов играч на тимот на Тиквеш.
Чубара е стоперското решение за кавадарчани кои зимава поради повреда останаа без Александар Ѓурковски, па мораа да бараат алтернатива.
Се одлучија за Чубара кој има искуство во домашниот и ќе му биде од голема помош на тимот на Тиквеш напролет кога треба да се исполнат зацртаните цели.