Екипата на Брегалница предмалку во рамките од подготовките во Охрид, го одигра дуелот против вторлигашот Караорман, кој патем го доби со минимални 0:1.
Стрелец на единствениот гол на овој дуел беше новајлијата во таборот на штипјани, Рудолф Благоџи кој постигна гол во 12. минута од дуелот.
По мечевите со Академија Пандев, Тиквеш, Воска, ова беше уште еден предизвик за избраниците на тренерт Горан Здравков во насока што подбро да се подготват за престојната пролетна ПМФЛ полусезона во која Брегалница има за задача да направи што е можно повеќе за да на табелата биде на место, достојно за нејзините амбиции во моментов.