Комесарот на ИХФ застана во одбрана на Начевски и Николов: Го судеа финалето зошто се најдобри!

2274

Прашината што се крена околу прилогот на SportRadar, а на која влијателната данска ТВ2 Спорт со своите пишувања лансираше вистинска медиумска лавина за време на шампионатот, не заврши до самиот крај на турнирот.

Така, во текот на последниот ден, комесарот за натпреварување во Меѓународната ракометна федерација, Норвежанецот Пер Мортен Содал се обиде да ја објасни номинацијата на македонската двојка Ѓорѓи Начевски и Драган Николов за финалниот меч меѓу Данска и Франција.

„Тој случај е доста стар. Имам целосна доверба дека ЕХФ и полицијата веќе го истражиле случајот. Јас не сум полицаец. Немаме што да ги инкриминираме судиите, тие се на турнирот како и сите други. Ќе го судат финалето затоа што се најдобри за таква задача. Многу добро судеа – изјави Содал.

ПретходноДадов 200 милиони за Роналдо, а тој знае само да вика сиууу (ВИДЕО)
СледноИ Барселона со ново засилување во последен момент!