Меси ја објасни легендарната сцена, зошто така гестикулираше кон Ван Гал!

332

Натпреварот меѓу Аргентина и Холандија во четврт-финалето на Мундијалот отиде во пенали, каде „гаучосите“ беа поуспешни и се пласираа во полуфиналето.

Голема тензија имаше на крајот од натпреварот, но и по натпреварот каде Меси го навреди Вегхорст при неговата изјава.

Кога Лионел Меси постигна гол, додека го прославуваше голот се сврте кон клупата на Холандија и ги стави рацете на ушите. Според Corriere dello Sport, тој му рекол на Луис ван Гал: „Сега престануваш да зборуваш?

Причина за тоа беше изјавата на селекторот на Холандија пред мечот.

„Кога Аргентина ја губи топката, таа не прави многу. Тоа не помага во одбраната и затоа во дефанзива има помалку играчи на теренот. Тоа е нашата шанса“.

Во интервју за Урбана Плеј, Лионел Меси беше запрашан токму за оваа ситуација, и реши да објасни што има во неговата глава кога го направи тоа.

“Моето славје против Холандија? Тоа беше природен гест. Некои соиграчи ми кажаа што кажа Ван Гал пред натпреварот. Не ми се допаѓа што ја оставив таа слика, но така испадна. Имаше голема нервоза,“ изјави Меси.

ПретходноИ Барселона со ново засилување во последен момент!
СледноВалтер по поразот на Пелистер: Загубивме од подобар тим, покажавме физичка инфериорност!