Во рамките на подготовките кои се одржуваат во Охрид, тимот на Работнички предмалку го одигра пријателскиот меч против тимот на Пелистер кој заврши 1:1.
Стрелец за тимот на Работнички беше Кире Маркоски додека пак за битолчани погоди искусниот Борче Маневски.
Работнички уште неколку дена ќе биде во Охрид, а потоа се враќа во Скопје каде што ќе ги доработи подготовките. Меѓудругото ќе одигра и меч против Вардар.