Стојановски и Нафиу во Тетово тренираат со младинците на Шкендија

2588

Некогаш репрезентативци на Македонија и скапо платени напаѓачи на Шкендија, а денеска вишок во тимот на тетовци и тренинзи во младинскиот погон.

Влатко Стојановски и Валмир Нафиу не се дел од тимот на Шкендија кој веќе неколку дена е во Анталија, туку се во Тетово и тренираат со младинскиот тим.

Причината за ова е несогласувањата со управата на Шкендија, која што зимава имаше намера да се ослободи од двајцата фудбалери со реално високи плати но и важечки договори, но не наиде на заеднички јазик.

И Стојановски но и Нафиу немаат намера така лесно да си заминат од Тетово, и под понудените услови од страна на управата, и тука настанува проблемот. Ниту се смета на нив за во иднина, ниту пак тие имаат намера да го напуштат клубот.

По ова, не преостанува ништо друго туку да се констатира дека доколку не се најде решение до крајот на преодниот рок, и Стојановски и Нафиу на пролет ќе мора мечевите на Шкендија да ги гледаат од трибини затоа што минутажа секако нема да добијат.

 

 

ПретходноДобар викенд за Магдевски и Мекиќ!
СледноМенче Николовска Папеш нов претседател на голф федерацијата на Македонија