Фиорентина не го пушти Амрабат во Барселона

111

Еден од најдобрите играчи на СП во Катар, Софијан Амрабат нема да ја засили Барселона, барем не во овој зимски преоден рок. Барселона излегла со понуда од 4 милиони евра за позајмица, а потоа со опција да го откупи договорот за 36 милиони евра, открива детали Џанлука Ди Марцио. Сепак ова било експресно одбиено од Фиорентина.

„Виолетовите“ објаснија дека Амрабат е важен фудбалер во тимот и не сакаат да го „загубат“ на позајмица, посебно кога нема клаузула за обврзувачки откуп.

Иако 26-годишниот фудбалер не беше на тренингот денеска, од Фиорентина му соопштиле дека нема да си оди од Фиренца до крајот на сезоната.

 

ПретходноЕгипет и Парондо „раскинаа“: „Сакаме селектор без клуб“
СледноТФТ со пеколна прва четвртина до победа над Чаир