Брегалница минимално против Караорман

341

Екипата на Брегалница предмалку во рамките од подготовките во Охрид, го одигра дуелот против вторлигашот Караорман, кој патем го доби со минимални 0:1.

Стрелец на единствениот гол на овој дуел беше новајлијата во таборот на штипјани, Рудолф Благоџи кој постигна гол во 12. минута од дуелот.

По мечевите со Академија Пандев, Тиквеш, Воска, ова беше уште еден предизвик за избраниците на тренерт Горан Здравков во насока што подбро да се подготват за престојната пролетна ПМФЛ полусезона во која Брегалница има за задача да направи што е можно повеќе за да на табелата биде на место, достојно за нејзините амбиции во моментов.

 

ПретходноШкендија поразена од ЦСКА 1948
СледноЕриксен во „аут“ до април