Жоао Кансело промовиран во Баерн Минхен

189

Екипата на Баерн Минхен и официјално го промовираше Жоао Кансело за свој нов играч.  Португалскиот интернационалец се сели во германскиот шампион на позајмица до крајот на актуелната сезона, а доаѓа секако од Манчестер Сити.

„ Баерн е голем клуб, еден од најдобрите во светот и за мене е огромен мотив што сега ќе играм заедно со овие извонредни играчи во ист тим. Знам дека овој клуб, овој тим живее за титули и освојува титули секоја година. Ме води и жедта за успех. Ќе дадам се од себе за Баерн “ . – рече на промоцијата Кансело.

 

 

ПретходноЕриксен во „аут“ до април
СледноШкупи ја совлада Олександрија на контролен меч во Анталија (видео)