Интер е прв полуфиналист во Купот на Италија (ВИДЕО)

79

Фудбалерите на Интер се првите полуфиналисти на Купот на Италија. „Нероаѕурите“ го продолжуваат патот кон одбрана на трофејот откако вечерва ја совладаа одличната Аталанта со 1:0 во четвртфиналното дерби.

Решавачкиот гол го постигна Матео Дармијан на асистенција на Лаутар Мартинез во 57. минута.

Преостанатите три четвртфинални средби ќе се играат утре и задутре, а се среќаваат Кремонезе – Рома, Фиорентина – Торино и Лацио – Јувентус.

ПретходноНотингем Ф. го купи Фелипе од Атлетико (М), до полноќ ќе го има и Кејлор Навас!
СледноЊукасл во финале на Лига Купот ќе се бори за прв трофеј по 68 години! (ВИДЕО)