Марсеј плати рекордна сума за португалски напаѓач

216

Олимпик Марсеј направи голем трансфер во последниот ден од зимскиот преоден рок. Се согласи да ја плати откупната клаузула од 30 милиони евра за напаѓачот Витиња кој доаѓа од португалската Брага.

Сумата е рекордна за поранешниот француски шампион соборувајќи го досегашниот трансферен рекорд од 29 милиони евра платени на Вест Хем за Димитри Паје во сезоната 2016/17.

Витор Оливеира или Витињо има 22 години и е напаѓач, а за првиот тим на Брага дебитира во 2021 година. До сега има преку 40 настапи за Брага во најсилната португалска лига и 14 голови. Инаку тој играл и во младинската школа на Брага, а е португалски репрезентативец до 21 година.

Оваа зима Марсеј освен Витиња ги донесе уште Мароканецот Азедин Онахи од Анже и Руслан Малиновски од Аталанта.

ПретходноОФИЦИЈАЛНО: Попзлатанов ја засили Македонија ЃП
СледноТрансфери: Зијеш чека трансфер во ПСЖ, Борнмут ќе „заокружи“ 90 мил.фунти за нови играчи!