Лука Дончиќ едноставно ги уништи Детроит, во победата на својот тим од 111-105 успеа да постигне дури 53 поени, а еден од главните виновници за тоа е Џером Ален. Овој поранешен играл во НБА, кој играше и во Европа ја направи клучната грешка.
Го испровоцира Дончиќ на почетокот од мечот, а потоа го разбуди ѕверот во него. По мечот Дончиќ откри што се случувало во првата четвртина, но највпечатлив остана деталот од крајот на играта. Џером Ален и младиот крилен играч на Детроит, Ливерс му пришле на Дончиќ, а тој им дофрлил: „Кој си ти?
Тогаш не беше јасно кому му се упатени овие зборови, но се покажа дека 24-годишниот Ливерс „влета“ меѓу двете скарани страни за да се избегне конфликт.
„Нивниот помошник тренер се обиде да ме испровоцира на почетокот на првата четвртина, а не им се допадна кога возвратив. Ако ме напаѓате, ќе ве нападнам, не се плашам“, изјави Дончиќ по мечот.
Luka Doncic exchanging words with one of the Pistons’ assistant coaches 👀pic.twitter.com/RvvFEMiEHM
— 𝐓𝐚𝐥𝐤𝐢𝐧’ 𝐍𝐁𝐀 (@_Talkin_NBA) January 31, 2023