Долгоочекуваното дерби од евролигата меѓу Фенербахче и Олимпијакос заврши со фијаско на домашните. Лидерот во најсилната европска конкуренција, лесно и убедливо славеше на гостувањето во Истанбул со 93:73 и го задржа првото место на табелата.
Олимпијакос доминираше од почетокот до крајот на натпреварот и на крајот сосема заслужено славеше со 20 поени разлика, што е петнаесетта победа за „црвено-белите“ од Пиреја во 22 одиграни натпревари.
Папаниколау со 21 и Кинан 20ц поени беа најефикасни кај победниците, додека кај Фенер, Марко Гудуриќ постигна 24 поени.
Малку повеќе возбудувања имаше во Милано, каде Армани славеше над Басконија со 89:83, со што италијанскиот претставник ја прекина серијата од пет последователни порази, а Басконија го претрпе својот десетти пораз.