Промени во Челзи, остана без Жоржино, но се договори со Бенфика!

442

Енцо Фернандез во наредните часови ќе стане нов играч на Челзи откако Бенфика ја прифати нивната понуда за овој играч. Иако во Бенфика беше јасно дека бара 120 милиони евра во кеш за да го доведе овој фудбалер, сепак на крајот успеа да се договори со претставниците на Челзи.

Така е договорено Енцо Фернандез да стане нов член на сините за цели 130 милиони евра, но Бенфика нема да ги добие парите во готово.

Челниците на Челзи мораа да платат повеќе од неговата откупна клаузула за да ја натераат Бенфика да се согласи да плати на рати.

Италијанскиот репрезентативец Жоржињо ги засили редовите на Арсенал. Тој имаше договор со Челзи на уште шест месеци, но откако не го продолжи истиот, раководството на „сините“ одлучи да го пушти и да замине за 12 милиони евра.

ПретходноНе, не е добра идеја да се провоцира Лука Дончиќ (ВИДЕО)
СледноХуманоста победи: 1,372,550 денари од ракометниот спектакл донирани во СОС Детско село!