Торган Азар во дресот на ПСВ

147

Холандски ПСВ вечерва се пофали со уште едно засилување за вториот дел од сезоната. Белгискиот репрезентативец Торган Азар и официјално е нов член на тимот од Ајндховен.

Азар доаѓа во ПСВ на позајмица до јуни оваа година, без можност за откуп на неговиот договор со Борусија (Д). Позајмицата ќе го чини ПСВ само 500.000 евра.

По завршувањето на договорот за наем, Азар ќе се врати во Дортмунд.

ПретходноБелерин слета во Лисабон, вечерва потпишува со Спортинг
СледноЗаврши преодниот рок во Италија: Малку „бура“, ниту една „бомба“