Трансфери: Зијеш чека трансфер во ПСЖ, Борнмут ќе „заокружи“ 90 мил.фунти за нови играчи!

689

Борнмут како Челзи. Во зимскиот преоден рок донесе неколку фудбалери кои се непознати за јавноста. Откако не успеаја да ги донесат Николас Џексон од Виљареал и Никола Заниоло  од Рома, тие најдоа други решенија. Во нападот го ангажираа Антоан Семења од второлигашот Бристол Сити за 10,5 милиони евра, од Лориен е донесен младиот крилен фудбалер Данго Уатаро за 22,5 милиони евра, а од Рома на позајмица дојде левиот бек Матијас Виња за 750.000 евра.

Медиумите пишуваат дека денеска Борнмут договорил уште двајца фудбалери, постигнат е договор со Сасуоло за Хамед Траоре. Играчот од БС Коска има некоја репутација затоа што одигра 140 меча во Серија А, а за него Борнмут ќе плати 30 милиони евра.

Од Динамо Киев го договориле 20-годишниот стопер Илија Забарњи. Иако веќе има 24 настапи за репрезентацијата на Украина, Борнмут и Динамо се договориле за обесштетување меѓу 20 и 25 милиони евра!?

——————————————————————————-

Maроканецот Хаким Зијеш од синоќа е во Париз и чека исход од преговорите меѓу Пари Сен Жермен и Челзи. Искусниот офанзивец треба да го замени Пабло Сарабија кој оваа зима заврши во Вулверхемптон.

Големи се шансите двата клуба успешно да ги завршат преговорите затоа што Зијеш во последно време добива мала минутажа, а со доаѓањето на Мудрик, Мадуеке и Феликс дополнително му се компликува ситуацијата да игра постојано. Затоа сака да замине.

Двете страни моментално преговараат за позајмица, засега не е познато дали ќе биде ставена клаузула за обврзувачки откуп или тоа да биде како опција. Јасно е дека францускиот шампион не е во можност да го купи затоа што би го прекршил финансискиот фер-плеј.
——————————————————————————-
Ница го привлече напаѓачот на Лориен Терем Мофи под наем до крајот на сезоната. По истекот на позајмциата Ница има задолжителна опција за купување за 25 милиони евра плус 5 милиони во форма на бонуси.


Олимпик Марсеј ќе направи голем трансфер. Се согласи да ја плати откупната клаузула од 30 милиони евра за напаѓачот Витиња кој доаѓа од Брага. До вечер овој трансфер ќе биде комплетиран.


Удинезе го претстави искусниот француски крилен напаѓач Флоријан Товин. Тој е екс-играч на Марсеј, Њукасл и Бастија.

——————————————————————————-

Калифа Кулибали ја напушти Црвена Звезда, а на негово место доаѓа Марко Ракоњац. Некогашниот напаѓач на Чукарички, а сега на Локомотив Москва ќе биде нов напаѓач на „црвено-белите“, пишува „Моцарт спорт“. Ракоњац е црногорски репрезентативец, а се разговара за позајмица до крајот на сезоната.
——————————————————————————-
Хектор Белерин е во Лисабон и до вечер ќе го компетира трансферот во Спортинг.

Според француските медиуми, Милан Шкринијар ќе остане во Интер до крајот на сезоната. Иако фудбалерот изјави дека се договорил со ПСЖ, сепак, двата клуба не нашле заеднички јазик за трансферот. Словакот ќе игра за Интер до крајот на сезоната, а потоа како слободен играч ќе премине во Париз.


Сампдорија се засили со уште еден фудбалер во продолжение на сезоната во кое ќе се бори за опстанок. Нов играч е германскиот дефанзивец Корај Гинтер кој доаѓа од Верона.


Ајнтрахт се засили пред плеј-оф мечевите во Лигата на шампионите. Нов играч на тимот од Франкфурт е Филип Макс кој дојде од ПСВ и ќе игра како позајмен до крајот на сезоната. Германците имаат опција да го откупат играчот за 2 милиони евра.


Шахтјор Доњецк го потврди трансферот на Кевин Келси, 18-годишен напаѓач кој доаѓа од редовите на Бостон Ривер од Уругвај. Тој потпиша договор до 2028 година.

ПретходноМарсеј плати рекордна сума за португалски напаѓач
СледноЕгипет и Парондо „раскинаа“: „Сакаме селектор без клуб“