ТФТ со пеколна прва четвртина до победа над Чаир

108

По поразот од МЗТ Скопје во првиот меч од новата година, екипата на ТФТ вечерва во претпоследниот натпревар од 13. коло на Првата лига славеше над екипата на Чаир со 87:75.

Ова беше меч во кој домашните одиграа брилијантна прва четвртина во која му дозволија на противникот да постигне само 8 поени и да направат позитива од неверојатни 25 поени, кои подоцна само им ја гарантираа победата.

Иако Чаир во вториот период успеа да анулира дел од негативата, до крајот на мечот немаше шанси да го надополни пропуштеното од првите 10 минути. ТФТ до осмата сезонска победа го предводеше Батрик со 24 поени, додека Ташовски постигна 15. Кај Чаир денеска најефикасен беше Френклин со 30 постигнати поени.

ПретходноФиорентина не го пушти Амрабат во Барселона
СледноПОТВРДЕНО: Саша Лукиќ потпиша за Фулам