Шпанскиот фудбалер Иско требаше денеска да го комплетира трансферот од Севиља во Унион Берлин. Тоа ќе беше сензационален трансфер на берлинскиот клуб кој сезонава игра одлично.
Се беше договорено, а Иско, петкратен освојувач на ЛШ, требаше да го потпише договорот. Ги помина медицинските прегледи и потоа трансферот пропадна. Што е причината?
Агентот на фудбалерот вели дека клубот во последен момент ги сменил условите во договорот поради што Иско не се согласил да потпише.
Од друга страна Извршниот директор на клубот Оливер Рунерт објасни:
„Сакавме да го видиме Иско во нашите редови, меѓутоа и ние имаме свои граници, а тие беа пробиени, спротивно на претходниот договор. Затоа го откажуваме трансферот“, изјави Рунерт.