Како што објави шпанскиот весник АС, покраинскиот суд во Мадрид одлучи дека ФИФА односно УЕФА нема право да ги казнува клубовите кои беа иницијатори на фамозната Суперлига која шт беше актуелна пред неколку месеци. Истата ја крена фудбалската фела на нозе, затоа што одеше контра натпреварувањата на УЕФА и доживеа крах уште пред да започне.
Сепак, како што одлучи судот клубовите не смеат да бидат казнувани и не се пдложни на санкции.
„ФИФА и УЕФА не можат да го оправдаат своето антиконкурентско однесување како да се единствените чувари на одредени европски вредности, особено ако тоа служи како изговор за поддршка на монопол од кои можат да ја исклучат или попречат иницијативата на она што претендира да биде негов конкурент, Суперлигата“. Од информациите што ни се достапни, однесувањето на обвинетите за заштита на општите интереси на европскиот фудбал не ни изгледа оправдано, туку дека она што го гледаме е акција која ги има сите белези на неоправдана злоупотреба од оние кои се во доминантна позиција“. – се вели во образложението.
Токму затоа Барселона, Реал Мадрид и Јувентус, нема да можат да бидат санкционирани и ќе можат да продолжат да функционираат нормално по оваа тема.