Американскиот Формула 1 тим Хаас денеска со фотографии на социјалните мрежи го престави изгледот на својот нов болид за сезоната 2023 година. Главен спонзор на „Хаас“ во претстојната сезона ќе биде компанијата MoneyGram. Официјалното име на американскиот тим од сезоната 2023 е MoneyGram Haas F1 Team.
Болидите на „Хаас“ во новата сезона ќе бидат обоени во црна, бела и црвена боја.
Болидот „Хаас“ ќе дебитира на патека следната сабота, 11 февруари, и тоа на Силверстоун (Велика Британија).
Хаас минатата сезона во Формула 1 заврши на осмото место во шампионатот кај конструкторите.
2023 livery ⚫️🔴⚪️ @HaasF1Team #VF23 coming 🔜 pic.twitter.com/08iHWP7GtS
— Nico Hülkenberg (@HulkHulkenberg) January 31, 2023