Хуманоста победи: 1,372,550 денари од ракометниот спектакл донирани во СОС Детско село!

118

Македонската ракометна федерација на чело со претседателот Живко Мукаетов и генералниот секретар, Филип Милошевски го посетија СОС Детско село.

„Вкупниот износ кој е собран од продажбата на билети за хуманитарниот ракометно музички спектакл одржан на 3 јануари 2023 година во организација на Ракометната федерација на Македонија, изнесува 1,372,550 денари, која сума ќе биде донирана на организацијата „СОС Детско село“.

„Сите Ѕвезди за СОС Детско село“ го славеше ракометот, го славеше спортот. Победи човечноста и хуманоста. Заедно покажавме дека македонската нација е хумана, а спортот има посебна моќ да нѐ вивне во височините и да ни пружи уникатна доза на среќа.

Сакајте го и негувајте го македонскиот спорт“, порачаа од РФМ. 

ПретходноПромени во Челзи, остана без Жоржино, но се договори со Бенфика!
СледноДобар викенд за Магдевски и Мекиќ!