Челзи и Бенфика се договорија: Енцо Фернандез е на прегледи, па со приватен авион лета во Лондон!

333

120.000.000 евра ќе плати Челзи за аргентинскиот играч за врска Енцо Фернандез. Бенфика и преставниците на лондонските „сини“ си дадоа рака на нешто помалку од еден час од затворањето на трансфер периодот вечерва.

Клубот од Лисабон инсистираше да ја добие целата сума одеднаш, додека Челзи понуди да плати на шест еднакви рати, од кои првата би била веднаш по потпишувањето на договорот. Досега двете страни не сакаа да направат ни трошка компромис, но се чини дека Челзи најде решение. Тод Боли склучил договор со компанија која се занимава со услуги за фактурирање која на Бенфика ќе и ја плати целата сума наеднаш, а потоа Челзи ним би им платил обештетување на рати. Веројатно со некаков интерес, но на тој начин Челзи би ја раздолжил исплатата на подолг временски период и не би ги прекршил законите за финансиски фер-плеј.

Во меѓувреме, Фернандез е на клиника во Лисабон за да ги мине лекарските прегледи, па потоа го чека приватен авион за пат во Лондон каде треба да биде преставен како ново засилување.

ПретходноБорнмут ги потврди Забарњи и Траоре! (ФОТО)
СледноХаас го претстави болидот за 2023 година (ФОТО)