Тимот на Шкендија во рамките од подготовките во Анталија предмалку загуби на пријателскиот меч против тимот на ЦСКА 1948 со конечни 0:2.
Стрелци на головите за бугарскиот состав беа Бастунов во третата минута и Марин во 82, поточно на самиот почеток и самиот крај од дуелот.
Во таборот на Шкендија шанса добија поголемиот дел од расположивите фудбалери. Следен меч на тетовци е оној против тимот на Динамо Киев на шести овој месец.