Шкупи ја совлада Олександрија на контролен меч во Анталија (видео)

558

Екипата на Шкупи ја победи Олександрија со 2:1 на првиот контролен меч што се одигра на „Глорија спортс“ арената во Анталија. Чаирчани беа подобар ривал во поголем дел од мечот и заслужено победија. Резултатот го отвори Пепи Георгиев во 13. минута. Напаѓачот се најде осамен пред противничкиот голман и ја смести топката во неговата мрежа.

Во 54. минута голманот на Олександрија лошо исфрли, Куевен ја украде топката од последниот дефанзивец на противничкиот тим излезе сам пред чуварот на мрежата и погоди. Во продолжение на мечот украинскиот прволигаш притисна, меѓутоа, се што направи е постигна гол за намалување на поразот.

Во 70. минута по корнерот на украинската екипа, Мелник постигна гол со глава.

Следен меч на Шкупи е со Пахтакор од Узбекистан (08.02) и потоа ќе игра со Жалгирис од Литванија (11.02).

ПретходноЖоао Кансело промовиран во Баерн Минхен
СледноАрсенал уште посилен – потврден и Жоржињо!