Ѓоковиќ нема да игра во Индијан Велс и Мајами, но ќе игра на УС Опен

937

Светскиот тенисер бр. 1, Новак Ѓоковиќ, втора година по ред нема да игра на Мастерс турнирите во Индијан Велс и Мајами, но за првпат од 2021 година ќе може да игра на УС Опен.

Ова стана можно благодарение на указот на американскиот претседател Џо Бајден, според кој вонредната состојба поврзана со Ковид во САД ќе заврши на 11 мај.

Тоа значи дека Ѓоковиќ, кој не е вакциниран, ќе може да влезе во САД. Така, тој ќе може да учествува на летната турнеја низ САД и Канада, која ќе заврши на крајот на август, пред УС Опен.

ПретходноЗаврши преодниот рок во Италија: Малку „бура“, ниту една „бомба“
СледноЗаврши преодниот рок во Германија: Кансело е ѕвездата на трансфер периодот!