Њукасл во финале на Лига Купот ќе се бори за прв трофеј по 68 години! (ВИДЕО)

1015

Фудбалерите на Њукасл обезбедија место во финалето на англискиот Лига куп, откако и во реванш мечот со Саутемптон славеа, овој пат со 2:1.

Херој на „страчките“ вечерва беше Лонгстаф, кој погоди двапати. Англичанецот го матираше гостинскиот голман Базуну во 5. и 21. минута.

Стрелец за Саутемптон беше Адамс во 21. минута.

Њукасл утре ќе го добие својот ривал во финалето по реваншот меѓу Манчестер Јунајтед и Нотингем Форест. Во првиот меч Јунајтед победи со 3:0.

„Страчките“ во финалето ќе се борат за првиот трофеј во Англија по 1955 година.

ПретходноИнтер е прв полуфиналист во Купот на Италија (ВИДЕО)
СледноБорнмут ги потврди Забарњи и Траоре! (ФОТО)