Вилијам, Давид Луиз, Петр Чех, Вилијам Гала, Јоси Бенајун, Ласана Диара… Тоа се само дел од фудбалерите кои го замениле Челзи со Арсенал. Од денеска во ова друштво е уште еден фудбалер, италијанскиот репрезентативец Жоржињо.
Тој имаше договор со Челзи на уште шест месеци, но откако не го продолжи истиот, раководството на „сините“ одлучи да го пушти и да замине за 10+2 милиони фунти. Италијанскиот Бразилец одлучи да игра за „црвено-белите“ од Лондон и ќе го носи дресот со број 20.
Арсенал е лидер на табелата во Премиер лигата и атакува на титулата која ја нема видено одамна. Жоржињо ќе донесе поголема стабилност во средниот ред.
„Топчиите“ во зимскиот преоден рок се засилија со тројца фудбалери. Покрај Жоржињо, дојдоа уште централниот бек Јакуб Кивиор од Специја за 25 милиони евра и левото крило Леандро Тросар од Брајтон за 24 милиони евра.