Дефанзивецот на Барселона, Хектор Белерин слета во Лисабон. Фудбалерот со својот агент долета во главниот град на Португалија и попладнево отиде на лекарски преглед во базата на Спортинг. Барселона веќе одобри договор со португалскиот клуб.
Спортинг Лисабон првично сакаше да го ангажира Тарик Лампти од Брајтон, но не можеше да си дозволи да го купи, а клубот од Премиер лигата одби да го позајми 22-годишниот фудбалер.
27-годишниот Белерин вторпат ја напушта Барса, откако еднаш си замина во 2011 година, па се врати како слободен играч во летото 2022 година.
Интересно е што денеска Спортинг веќе купи еден фудбалер. Усман Диоманде, 19-годишниот централен бек на дански Митјиланд потпиша со Спортинг до 2027 година, со ослободителна клаузула вредна 80 милиони евра.