Кристијано Роналдо не ја започна најдобро својата епизода во Саудиска Арабија. Неговиот Ал-Наср загуби во натпреварот од Суперкупот против Ал-Итихад со 3-1 и со тоа ја прекина долгата победничка серија, а португалската суперѕвезда беше цел на критики.
Тренерот Руди Гарсија го издвои по натпреварот, спомнувајќи ја шансата што Роналдо ја пропушти во првото полувреме, што според него ќе го сменеше текот на играта доколку се претвореше во гол, а сега едно интересно видео стана вирално. Наводно еден од директорите на клубот се жали, имитирајќи го славењето на Роналдо: „Потрошив 200 милиони на Роналдо, а тој знае само да каже „сиууу“!“
Да потсетиме дека Роналдо потпиша за Ал Наср откако беше отпуштен од Манчестер Јунајтед за време на Светското првенство во Катар поради ставовите искажани во интервју за британскиот новинар Пирс Морган. Роналдо не можеше да се помири со улогата на ротационен играч, па во интервју за кое немаше дозвола од клубот ги нападна тренерот, соиграчите и управата. Според повеќе извори, Ал Наср бил платен 200 милиони евра годишно.
@dalu_cajamarca 🤣🤣🤣Estan enojadisimos😅 , siquiera agardezcan , que ya les sale el siuuuu….!!!#alnassar #alnassarfc #realmadridfc #arabiasaudita🇸🇦 #siuuuuu #cr7goat🐐 #cr7jr #ligaarabe🇸🇦 #cristianoronaldosfans1 #bichosiuuuuuuuu🐐🇵🇹 @نادي النصر السعودي #cristianoronaldoedit #humor #fyp #fyppppppppppppppppppppppp #shiu #comandante #teamocr7 #💀💀 #🐐🇵🇹 ♬ Love You So – The King Khan & BBQ Show